„Ај Кју“ го снимаат евровизискиот спот
Групата „Ај Кју“ го започна снимањето на спотот за евровизиската песна „Lost and found“, со која ќе ја претставуваат Македонија на Изборот за песна на Евровизија во Лисабон, на 8 мај.
Композиторот, гитарист и вокал на бендот Бојан Трајковски објави слика од пејачката Марија Ивановска, на официјалниот Инстаграм профил на бендот, а под сликата напиша: снимаме.
Снимаме, напиша Бојан Трајковски под сликата на пејачката на „АјКју“, Марија Ивановска„Оваа шанса што ја овозможува „Евровизија“ доаѓа во вистински момент кога и јас како автор, а и бендот сме во полна работна форма. Затоа сум многу среќен што ни се укажа една ваква можност за исчекор и претставување на меѓународната сцена. Драго ми е што песната „Lost and Found“ е избрана на конкурс помеѓу 382 композиции и се надевам дека ќе ја оправда доверба на комисијата и МРТ“, изјави Бојан во претходно интервју за Женски магазин. Тој додаде дека му е тешко да ја долови песната со зборови и ќе остави на тоа публиката да ја оцени штом ќе ја слушне.
„Какви и очекувања да имаме, што и да мислиме во однос на пласманот е ирелевантно. Целиот фокус и енергија ни се насочени на предизвикот што следува, а не на математики околу краен пласман. Сепак има 43 земји учесници коишто на „Евровизија“ учествуваат за да ја слават музиката и миксот на културите. На крајот еден е победник, но тоа не значи дека сите останати 42 се поразени. Затоа и нема награда за второ и трето место на „Евровизија“ •. Јас сум сигурен дека Македонија ќе победи и ќе биде организатор на овој настан, само не гарантирам дали годинава или некоја од наредните“, додаде низ насмевка Бојан.
Автор на музиката и на текстот на евровизиската песна е Трајковски, а аранжер е Дарко Димитров. Наскоро, таа ќе се промовира на Македонската радио-телевизија.
Милица Џаровска