Ако не можеш да летaш - трчај, ако не можеш да трчаш - оди, но секогаш движи се напред: Моќни цитати од Мартин Лутер Кинг
Омразата не може да ја
избрка омразата, само љубовта може..
Мартин Лутер Кинг беше борец за граѓански права во текот на 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Водел ненасилни протести и се борел за правата на сите граѓани, без разлика на расата.
Признат како еден од најдобрите оратори, неговите говори и цитати ја носат истата тежина и моќ и денес.
Неговите мудри идеи ги променија животите на многумина, продолжувајќи да живеат до ден-денес. Еве како тој зборуваше:
За љубовта:
„Темнината не може да ја истера темнината, само светлината може да го направи тоа. Омразата не може да ја истера омразата, само љубовта може“.
„Љубовта е единствената сила што може да го претвори непријателот во пријател. Решив да се држам до љубовта. Омразата е преголем товар за носење“.
За верата:
„Вера е кога го правиш првиот чекор, иако не можеш да ги видиш сите чекори“.
„Мораме да го прифатиме разочарувањето, но никогаш не смееме да ја напуштиме бесконечната надеж.
„Да се биде христијанин без молитва не е повозможно отколку да се биде жив без дишење“.
За животот:
„Постојаното и најважно прашање во животот е: Што правиш за другите?“
„Човек кој не е подготвен да умре за нешто, не е подготвен ниту да живее“.
„Нашите животи почнуваат да завршуваат од денот кога ќе почнеме да молчиме за важни работи“.
„Секогаш е вистинското време да се направи вистинската работа“.
„Ако не можеш да леташ - трчај, ако не можеш да трчаш - оди, ако не можеш да одиш - ползи, но што и да правиш - треба да се движиш напред!“
„Најголемата трагедија не е да умреш млад, туку да живееш до 75 години и да не доживееш ништо“.
„Лагата е како снежна топка: колку подолго се тркала, толку станува поголема, но кога ќе престане - се топи“.
Фото: Youtube - screenshoot