Ако некој дизајнер ги облече Телјор Свифт, Џеј Ло и Селена Гомез, се вели дека е најдобар во светот: Епа, Македонец е

Добивај вести на Viber

Тони Матичевски - дизајнер со македонско потекло кој во Австралија со семејството се преселил во седумдесетите години и е дел од стилските избори на многу светски познати дами 

Откако го завршил образованието на престижиниот кралски институт во Мелбурн како еден од најдобрите студенти во генерацијата, тој добил понуда да работи во престижната модна куќа Дона Каран во Њујорк, но без размислување ја обил понудата.

Наместо тоа, тој се преселил во Париз каде две сезони работел за Черути, а неколку години подоцна се враќа во Мелбурн каде е решен да основа сопствен бренд кој ќе нуди малку поинаква мода за жени.

За многу кратко време тој станува познат по неговите парчиња со асиметрични кроеви во кои жените и денеска се вљубени, иако од самиот старт ќе создава невообичаени парчиња на кои публиката не е навикната.

На прашањето дали Македонија и воопшто модата на Балканот имаат некакво влијание врз неговата работа, тој ќе каже дека тоа е дел од неговите корени.

Скоро и да нема некоја планетарно популарна ѕвезда која не носи негова креација. Толку многу успеа, што ги надмина и најголемите дизајнери на денешницата. А во светот на модата се вели дека ако дизајнер ја облече Тејлор Свифт, моментално најголемата ѕвезда и најбогатата, Селена Големз, со најмногу следачи на Инстаграм и секако Џенифер Лопез, тогаш си на врвот. Браво Тони.

Еве како ја облече Тејлор Свифт оваа година:

А, еве како Селена Гомез, исто оваа година:

Џенифер Лопез изгледа совршено во овој негов фустан.

Во 2018 година, светски познатата актерка Пенелопе Круз, блесна на доделувањето на традиционалните награди „Бамби“ во Берлин, во креација на Тони Матичевски.

Станува збор за таканаречениот фламенко фустан, дизајн на Матичевски, кој е модел на црн фустан со едно рамо кој освен со светкавиот крој се истакнува по асиметричниот долен дел. 

Во истата крација на Матичевски, во 2019 година, заблеска и актерката Ева Лонгорија, појавувајќи се на премиера во Мајами.

Повоторно Џенифер Лопез. Таа на настанот „Жените во Холивуд“ се појави во црно асиметрично здолниште, розов сатенски топ преку кој имаше стилизирана машна во крем боја.

„Да, моето македонско потекло има влијание, и во создавањето на било која колекција се инспирирам од етно-традицијата во Македонија и нејзината околина. За жал, сега не сум многу упатен во модната сцена во Македонија и во поранешна Југославија. Општ впечаток на луѓето од светскиот моден бизнис е дека Балканот е поднебје на многу креативни луѓе чиј талент не е доволно разбран и искористен “, изјави дизајнерот во интервју за престижниот „Ел“.

И Бијонсе носеше фустан од нашиот дизајнер Матичевски.

Еве дел од неговите модели кои ги носеа најголемите ѕвезди на планетата: 

Рита Ора

Елизабет Харли

Кристен Стјуарт

Ана Кендрик и Коби Смалдерс

Хајди Клум

Матичевски е дефинитивно еден од омилените модни дизајнери на Ева Лонгорија.

Кетрин Зета Џонс

Челзи Хандлер