„Ако починал тој, јас сум жива“! Цеца за непријателите и лагите кои кружат за Аркан

Добивај вести на Viber

Светлана Цеца Ражнатовиќ повеќе не сака да слуша лаги за нејзиниот покоен сопруг, па за прв пат проговори за невистините кои во јавноста се изнесуваат за нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Цеца во исповед за еден српски портал тврди дека најдобро го познавала Аркан, како и луѓето со кои бил близок .

Имено, во последните 22 години во јавноста се обелоденија голем број невистини за животот на покојниот сопруг на Цеца, а таа секогаш се трудела вистината да ја види светлината на денот. Ражнатовиќ сега истакна дека тие луѓе кои шират невистини за Аркан, воопшто не го познавале, туку самите измислуваат приказни и се повикуваат на неговото име.

- Не знам кои се овие луѓе кои шират лаги за Аркан. Претпоставувам дека јас како негова сопруга треба да ги познавам сите тие блиски луѓе. А јас не ги познавам затоа што овие луѓе никогаш не го запознале Жељко. Никогаш во животот не сум повикала ниту еден уредник, само кога пишуваат невистини за Аркан. Ако тој е починат, јас сум жива и знам што се случи - рекла Цеца, а потоа истакнала дека на Вељко и на Анастасија им било тешко да читаат и слушаат разни глупости и невистини за нивниот татко:

- Одамна сфатив дека сите знаат повеќе за мене од мене самата. Се помирив со читање се и сешто за себе затоа што ако не го сторив тоа, секој ден ќе го поминав во негирање. Колку пати не само мене туку целото мое семејство го повредија. Не им е гајле дали моите деца ги боли да читаат се и сешто за нивниот родител. Пред 15 години не можевте ништо да негирате, немавте збор, сега е малку поинаку со појавата на социјалните мрежи – изјави пејачката.

После тоа Ражнатовиќ се отвори за нападите кои ги доживеала во текот на нејзината кариера, која трае повеќе од три и пол децении. Цеца вели дека не е конфликтна личност и дека на нападите секогаш се труди мирно и смирено да одговори.

- Јас не сум жена која сака да прави непријатели, туку жена која прави непријатели барем неутрални. Не сакам конфликти и расправии, не сум таков човек. Што се однесува до приватните односи, јас сум нешто друго - рече фолк дивата и појасни дека нејзиното воспитување не и дозволува да се наведне на примитивни дискусии, а дека преку медиумите се справува со одредени луѓе кои ја напаѓаат нејзината фамилија и лично неа:

- Има работи каде што нема да го прекршиш твојот кодекс на однесување, тоа е култура. Ако влезете во примитивна расправија со некого, се тркалате во кал. Јас не сум животно за да се валкам во кал.

Цеца во текот на животот раскинала некои пријателства затоа што размислувањата им се разминувале во многу ситуации. Како што вели и самата, кога еднаш ќе го прекине пријателството, никогаш не го обновува.

- Не сакам да продлабочувам такви приказни, можеш еднаш да ме повредиш и навредиш и толку, се повлекувам. Кај мене нема „плука, па лиже“. Воопшто не сакам да се хранам со омраза – рекла Цеца.



Извор: ало/рс

ФОТО: Инстаграм