„Ако продолжиш вака ќе личиш на Мајкл Џексон“: Емина повторно го смени личниот опис со операции, но тоа не е сѐ...

Добивај вести на Viber

Пејачката Емина Јаховиќ од секогаш важела за една од најубавите жени на естрадата. Малкумина знаат дека таа пред да стане пејачка била успешна манекенка и се натпреварувала за титулата „Мис Универзум“. Сепак, неизбежно е да се забележи дека и операциите си го направиле своето.

Покрај тоа што ја осветли бојата на косата, пејачката целосно го промени и лицето што можеше да се забележи од неодамнешното појавување во јавноста. На прв поглед изгледала дека има одлична шминка, но од блиску, таа била минимална па лесно можеле да се забележат новите естетски корекции.

Наводно по ова медиумите излегоа со информација дека Емина неодамна го посетила својот хирург во Истанбул каде направила корекција на очните капаци и јаболчници, а го затегнала и лицето.

Јаховиќ никогаш не криела дека физичкиот изглед и е многу важен, а благодарение на сите естетски корекции пејачката сега изгледа речиси двојно помладо. Како што пренесуваат медиумите, таа овој пат наводно потрошила дури 15.000 евра за разубавување.

- Секоја жена сака да изгледа убаво, покрај мајка ми имав пример дека треба да се грижам за своето тело, лице, душа. Мојата работа е таква што морам да изгледам убаво на сцената, иако приватно сакам да шетам без шминка и да бидам опуштена - изјави Емина.

Сепак неизбежни се и кометарите на душегрижниците на социјалните мрежи, кои и тоа како упатуваат критики дека пејачката сепак претерала со операциите.

-„Ако продолжиж вака ќе станеш како Мајкл Џексон“, „Ова е претерано„, „Убава е но мислам дека овој пат претерала“...

Како и да е, за вкусовите не се дискутира...

Фото: youtubenovashow/Instagramtvojelicezvucipoznato