Ако сакате да бидете главни на некој важен настан, облечете се како Џенифер Анистон: Доминантна во асиметричен фустан

Добивај вести на Viber

Како и секогаш, ненаметливата и елегантна, Џенифер која со години е препознатлива по префинет вкус и чувство за стил и елеганција, овојпат се надмина себеси и ја воодушеви јавноста.

Ако немате идеја што да облечете на некој важен настан, како што е свадба, бидејќи сега е сезона на свадби и прослави, украдете ја идејата на Џенифер Анистон. Нејзиниот фустан е елегантен и едноставен, а може и лесно да ви го сошијат. 

Актерката носеше светло-жолт летен фустан со цветен дизајн кој дополнително го збогатува.

Фустанот е асиметричен, па тоа е една од предностите на оваа креација, има тенко ременче на левото рамо, а на крајот се шири во нерамни карнери, па од едната страна е пократок, а од друга подолг.

фото:Profimedia

Покрај ова Џенифер додаде и прекрасни беж сандали кои се нејзин стандарден избор и имаат тенки ремени и високи потпетици. Супер идеја како да се облечете минимално, елегантно и достојно и за црвен тепих.

извор:stil.kurir

Џенифер Анистон секој ден го започнува кафето со необичен додаток: Експертите откриваат дали е тоа здраво