Ако слушнете вакви зборови од Ракот, наскоро ќе ве напушти: Еве како да дознаете дали вашата врска е на самиот крај

Се прашувате дали ова е крај на вашата љубов или само лоша фаза? Астролозите велат дека според однесувањето на секој хороскопски знак можете да откриете дали партнерот ви подготвува шут карта!

Овен

Почнуваат да се оддалечуваат од вас, но по секоја цена обидете се да избегнете караниците. Кога Овенот е заљубен, има огромна потреба да ја сподели секоја ситница со својата сакана личност. Покрај тоа, Овните се доста директни, и не оставаат многу простор за слободни интерпретации. Ако забележите дека ги преиспитувате значењата на нивните постапки почесто од кога било, дефинитивно нешто не е во ред.

Бик

Биковите во време на криза даваат се од себе за да го претстават својот живот подобар од кога било. Затоа социјалните мрежи ќе бидат преплавени со фотографии од нова облека, украсување на станот и слични работи, се со цел да сокријат колку навистина се незадоволни. Биковите се суштества на естетиката, а нивната среќа многу зависи од тоа како изгледаат работите во нивната околина.

Близнаци

Близнаците ќе бидат во страшен хаос, неверојатно тажни и вознемирени, но ќе се преправаат дека тоа е се поради секоја можна причина освен фактот дека вашата врска се распаѓа. Ќе имаат тешко време на работа, ќе ги уништат односите со другите и ќе си ги уништат животите на повеќе фронтови само затоа што не можат да се справат со фактот дека не се среќни во врската.

Рак

Раковите стануваат кавгаџии, барајќи ја секоја можна причина за нов конфликт. На сите околу себе ќе им кажат колку се несреќни во врската, постојано ќе имаат некој пасивно агресивен коментар и се на се, ќе дадат се од себе јасно на сите да им покажат колку се несреќни, но нема да кренат прст да поправат било што. Раковите обично се нежни суштества, па кога ќе ги видите како се повеќе саркастични и груби, знаете колку е часот.

Лав

Лавовите прво стануваат агресивни, а потоа едноставно незаинтересирани. Прилично се брутални во односот кон партнерот кога врската е на стаклени нозе бидејќи целата нивна сила доаѓа од сликата што ја градат за себе, а доколку врската не им оди, стануваат крајно несигурни и подготвени за борба во секој момент. Кога ќе се издишат, едноставно ќе ги фрлат рацете и ќе избегаат од врската.


Следна страна