Ако сте пешак, секојдневно сте потенцијална жртва или можен инвалид: Пеце Суперхикс со освестувачки статус за соообраќајната (не)култура

Добивај вести на Viber

Загрижениот Петар Младеновски или Пеце од „Суперхикс“, на својот профил на Фејсбук сподели статус посветен на сообраќајната (не)култура која владее во нашата земја и порача сите да бидат повнимателни.

„Друштво...

Може ќе ви звучам како „попувач" ама станува повеќе од сериозно деновиве. Улиците во овој град стануваат се почесто убијци и не бираат возраст на жртвите. Разговарајте и вие возрасните меѓу себе и со вашите најмили и намали и најмлади околу себе за тоа колку е опасно низ скопските улици. Нема никаква сообраќајна култура ама никаде! Нула! Ако сте на две тркала (јали мотор јали велосипед, тротинет ма што и да е) оние со возила не ве перцепираат и сте "лесна мета". Ако сте пешак, секојдневно сте потенцијална жртва или можен инвалид. Се вози без никаков редослед и правила. Се вози 160 на Партизанска и Илинденска. Се вози 80 преку лежечки полицајци. Се вози 100 на знак за пропуштање без да се внимава на истиот. Се вози 180* вртење ладно на две полни без да се дзирне макар околу себе. Секој втор во нов џип од 50к евра ве гледа од позиција на "almighty" и не размислува за последиците ако помине ладно "низ" вас. И да помине веројатно може да се случи и предметот за година две да остане подзаборавен па и нема така тешко да помине. А и ќе сврти некој телефон...како беше онаа "Имам Човек..". Во овој "пара-систем" нема правда.

Ни' нема спас, освен многу внимание и долги разговори со сите околу нас. Посебно со намјладите!

Чувајте се и останете заедно низ годините.

Ваша загрижена будала“