АКО ВЕЌЕ ИМАТЕ ТЕРМИН ЗА ПАСОШ, ОД МВР ЌЕ ВИ СЕ ЈАВАТ И ЌЕ ВИ ПОНУДАТ ПОБРЗ ДАТУМ - пунктот веќе не работи без закажување

Добивај вести на Viber

Од денеска, среда, (07.02.2024) пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување, туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година.

„Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок“, се вели во соопштението.

Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации.

Од денеска во склоп на пунктот во ПС Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање на граѓаните од понеделник до сабота, а од понеделник (12.02.2024) ќе се воведе и фотографирање во втора смена, велат од МВР.


Детали на фактор.мк