Актерката ја објасни разликата меѓу машките и женските деца
Актерката Мила Кунис во една емисија отворено зборуваше за своите деца, но и за разликата меѓу момче и девојче.
Актерите Мила Кунис и Ештон Кучер се еден од најубавите холивудски парови. Тие неколку пати во медиумите зборуваа за нивниот идиличен однос, но и за посебното воспитување за децата.
Во емисијата, актерката откри уште неколку детали за своите деца, тригодишната ќерка Ваџат и едногодишниот син Димитри, но зборуваше и за разликата меѓу нив.
„Многу се различни. Моето момче е многу мрзливо. Го обожавам, но факт е дека жените сме попаметни од мажите. А доказ за тоа се моите деца“, изјави Мила.
Мила изјави дека девојчињата се поуредни, а момчињата се повеќе опуштени. Додека нејзината ќерка културно ќе побарала шолја, нејзиното момче пуштало неартикулисани гласови и очекува само да дојде тоа што го сака.