Животна училница // Приказни
Актерот во ист костум, сопругата смени и фустан и фризура: Жарко Димоски лани направи свадба во Ровињ, викендов во Скопје
Македонски актер Жарко Димоски пред две години го изговори судбоносното „ДА“ далеку од дома во опуштена атмосфера.
Тогаш заштитното лице на Театар Комедија се ожени во Ровињ, Хрватска, а неговата избраничка е Андреа Јосифова.
Оваа година, односно викендов тие решија да направат венчавка во црква и голема забава за сите роднини и пријатели.
За пригодата актерот го облече истиот бел костум со црвени детали кој го носеше во Хрватска, додека пак неговата сопруга избра сосема друга венчаница, а во меѓувреме и од темна убавица стана русокоса.