Акушерка покажа како успешно да го доите бебето: Овие работи мора да ги имате со себе, а во оваа поза и двајцата ќе бидете среќни

Добивај вести на Viber

Акушерка покажа на кои работи треба да внимавате кога го доите вашето бебе

Една акушерка реши да отвори свој профил на „TikTok“ каде ќе сподели златни совети за многу мајки и идни мајки. Она што создава голема паника кај жените е дали ќе знаат и ќе можат да ги дојат своите бебиња. Токму затоа оваа бабица сака да покаже дека и доењето може да биде вистинско задоволство.

Таа снимила мајка како го дои своето бебе, во поза која одлично ѝ одговара и на неа и на бебето. Во исто време, оваа мајка го храни своето бебе, јаде грицки, пие вода и лежерно гледа телевизија. Изгледа многу опуштено и смирено, а ова е нејзиниот трик.

Таа зазела поза во која нема истегнување или непријатност. Направила одлична потпора за секој дел од телото и на тој начин успеа да се одмори додека го храни бебето. Оваа акушерка убаво покажа и објасни сè, па погледнете која поза е идеална за мама и бебе:

@thelatchrn #breastfeadingmomma #breastfeeding #momcozy #medela #pumpingmom #breastfeeding #lactationconsultant #lactationconsultantsoftiktok #newbaby #milksupply #lactation #postpartum #doula #newborn #breastfeedingmom #prenatal original sound - Thelatchrn

Извор: yumama.mondo.rs