АЛАЧКИ НАПОЛНИ 51 ГОДИНА: За роденден си посакав уште внуци

Добивај вести на Viber

Наполнив 51 и не ги кријам годините. Тие се мојата гордост. Преку нив го гледам животниот успех. Кога ги дувнавме свеќите со Јана, си посакав да ми се живи и здрави децата, внуката и сите нивни и мои сакани. Си посакав и уште внуци“, ни раскажа Алачки. 

Пејачката и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ Адријана Алачки наполни 51 година. Роденденско изненадување, на Алачки и подготвиле ќерката Грациела и зетот Игор, а таа е најсреќна што свеќите на роденденската торта ги изгаснала со внуката Јана.

„ Иницијативата за роденденот беше на Граци, инаку за мене роденденот е како и секој работен ден, па затоа го прославив и приватно и работно. Се беше во нејзина режија. И тортата беше изненадување од неа и од синот, Благоја. Ми недостасуваше синот на прославата, тој во моментов е на пат надвор од Македонија. Кога ги дувнавме свеќите со Јана, си посакав да ми се живи и здрави децата, внуката и сите нивни и мои сакани. Си посакав и уште внуци“, ни раскажа Алачки.

Децата се мои најважни животни Гран При награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела.- Алачки со ќерката и со внуката

Таа со гордост додава дека синот Благоја дипломирал на Правниот факултет и сега стаижира во една адвокатска канцеларија. Ќерката Грациела е вработена во една банка и е магистер по економски науки.

„Децата се мои најважни животни Гран При награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела“, изјави Андријана во претходно интервју за Женски магазин. Годините вели таа, не ги крие и горда е на нив.

„ Наполнив 51 и не ги кријам годините. Тие се мојата гордост. Преку нив го гледам животниот успех. Ти благодарам Господе“, вели Алачки. Следните ангажмани на Адријана се врзани за здруженито „Гастромак“ чиј претседател е.

Иницијативата за роденденот беше на Граци. Се беше во нејзина режија.- Адријана со семејството 

„Од 14 до 16 јуни во Ниш ќе се одржи меѓународен натпревар по гастрономија. Не очекува и Мастер клас од Магнус Акбрекстон кој го организира Шведската амбасада. Од 8 до 12 октомври во хотелот „Вила парк“ во Струмица, ќе се одржи меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2018“, за кој интензивно се подготвуваме“, ги најави Алачки своите следни проекти.

М.Џаровска