Животна училница // Приказни
Александра Пријовиќ неделата ја поминува како вистинска домаќинка: Излезе на пазар, а синот Александар во улога на асистент (ФОТО)
- 17 Октомври, 2022
Пејачката Александра Пријовиќ по работниот викенд реши да помине време со својот син Александар. Во неделата како вистинска домаќинка отиде на пазар, а со себе го понесе и наследникот кој ѝ помагаше при пазарувањето.
Александра на камера го овековечи моментот кога малиот Александар влече торба со намирници низ маркетот, што ги насмеа сите, а глетката е навистина неодолива.
Покрај паркот, каде што се редовни посетители, Александра и синот сакаат и да шетаат и да го посетуваат пазарот.
Инаку, Пријовиќ ретко објавува фотографии од нејзиниот наследник, па овој потег ги воодушеви нејзините следбеници.
Извор: 24sedam.rs