Александра Пријовиќ за промените во расположението и вишокот килограми во бременоста

Добивај вести на Viber

Многу бремени жени, покрај грижата сè да помине во најдобар ред со бебето, размислуваат за дополнителните килограми што ги добиваат за време на бременоста. Сепак, пејачката Александра Пријовиќ не се грижи за тоа.

Таа повеќе не го крие трудничкото стомаче. Напротив идната мајка присуствуваше на снимањето на нова емисија на „Гранд“ шоуто каде се појави во кусо „Диор“ црно-бело фустанче кое ја истакна нејзината фигура. 

- Досега сум немала пауза. Седум, осум години работев, така што во наредните месеци ќе се одморам за целиот овој претходен период - изјави пејачката.

Бидејќи промените во расположението се карактеристични за многу бремени жени, Александра нагласува дека ги имала на самиот почеток од бременоста. Едвај чека да се породи, а синот по желба на сопругот ќе го носи името Александар.

Таа и сопругот Филип Живојиновиќ веќе размислуваат за иднината на своето дете, па според блиски извори купиле нов стан во Белград.