Александра Шијакоска кажа „ДА“: Неочекувано запросување за модната блогерка (ВИДЕО)

Најпознатата модна блогерка кај нас му кажа „ДА“ на саканиот Едмонд.


Таа неочекувано беше запросена, додека снимаше видео како ужива со љубовта на својот живот, во луна парк, после прегледот направен во Солун.


Убавата вест Александра ја сподели на социјалните мрежи пред малку.

„Благословена од Бога, разгалена од мојот свршеник. Заштитена и од двајцата“ – напиша таа до видеото.

Под видеото, следеа низа честитки.

Инаку, во текот на денот, пред да се случи запросувањето, Шијакоска на стори напиша дека пет години му барала на момчето да одат во Magic park - луна паркот а Едмонд ја почестил после прегледот.