Александра живее со болки од 2020 година, а првата операција ја направи пред 20 дена: Боледува од агресивен тумор на главата

Добивај вести на Viber

На Александра Диниќ (29) на 2 февруари и бил отстранет дел од туморот со кој се бори со години. Првите симптоми ги почувствувала есента 2020 година. Првата интервенција била во јуни 2022 година. Потоа и ја отвориле главата - раскажува сестрата на Александра, Наташа. Земен бил примерок и откриено било дека боледува од глиома, агресивен тумор кој е многу предизвикувачки за лекување.

Во болницата во Истанбул пристигнала во многу тешка состојба, операцијата била одложена, а овој пат лекарите забележале успех.

„Одстранет е дел од туморот и сега очекуваме план за понатамошни терапии. Лекарите во Турција се презадоволни со оглед на тоа што пристигнала во полукома", изјавила сестрата за српски Телеграф.

Таа додава дека Александра не е подвижа, и дека не може да ја користи левата страна од телото.

„Ова беше тешка операција. Таа е малку дезориентирана и нејзината краткотрајна меморија сè уште не функционира. Не може да стане, не може ништо сама да направи“, вели таа, истакнувајќи дека семејството не губи надеж.

„Цврсто верувам дека нејзините напори, наши и на сите околу нас, ќе бидат наградени само ако истраеме до крај. Мама и јас сме цело време со неа, доста исцрпени. За жал, не можеме само да се концентрираме на неа, туку ја имаме и оваа голема грижа дали ќе имаме доволно пари за понатамошните терапии“, вели таа.

Наташа се надева на иновативни терапии од Израел, кои ќе бидат вбризгувани во преостанатиот дел од туморот преку туба поставена за време на операцијата.

„Трошоците за лекување се многу високи, веруваме дека ќе ни помогнат хуманите луѓе“, апелира сестрата.

Сите хумани луѓе може да и помогнат на Александра во лекувањето со помош на донација преку Фондацијата „Биди хуман“.

Фото: Приватна архива
Извор: Telegraf.rs