Амбициозна, самоуверена, бестрашна: Еве зошто жената Јарец е посебна
Владеењето на Јарецот, знак украсен со голема амбиција и
стремеж кон успех, започна на 22 декември и ќе трае до 19 јануари. Во
продолжение ви ги пренесуваме карактерните црти на жените родени во овој знак.
Жената Јарец е вистински претставник на алфа-женка. Таа е среќна само кога ќе ги постигне своите цели. Внимателно и упорно оди кон нив. Таа е многу организирана и трпелива. Сè сфаќа сериозно и нема шеги со деловните и приватните обврски.
Таа е многу практична, бестрашна и одлучна и секогаш знае што сака во животот. Жената Јарец дефинитивно се одликува со својата амбиција и дисциплина. На своите желби и цели им пристапува многу амбициозно и кај неа не постои зборот откажување.
Таа во никој случај не е сонувач, туку жена која стои цврсто на земја и ја гледа реалноста таква каква што е, секогаш обидувајќи се да го извлече најдоброто од неа. Таа е неверојатно силна жена која секогаш цврсто се бори на нозе со сите проблеми и неволји. Зад маската на студена и недостижна жена се крие нежна личност полна со хумор. Таа е и многу тврдоглава.
Дознајте повеќе за оваа супержена!