Американци кои патуваат по светот, се задржале во едно село на Балканот: Го нарекуваат „Балканска Тоскана“, а ова ги воодушевило
Своите авантури со луѓе ги споделуваат во вид на клипови на нивниот канал на Јутјуб „The Other Side“, а последната во низата е од селото Гола Глава, Србија каде што пораснале предците на Ана
Ана и Иан, бестрашни партнери во истражувањето на светот, со своите авантуристички души тргнале на патување кое ги опфаќа Југоисточна Азија и Европа. Нивната цел е јасна - да посетат што повеќе земји, да запознаат различни култури и да ги претстават на следбениците неоткриените делови од светот. Сепак, среде толку многу патувачки авантури, едно мало село во Србија успеало да го привлече нивното посебно внимание, станувајќи едно од најубавите места што некогаш ги посетиле.
Токму на тоа место, Гола Глава, селото кое било дом на предците на Ана, двојката решила да помине седум бесценети денови.
Нивната задача?
Запознавање со српската култура, со српското секојдневие и да ја приближат публиката до тоа што значи да се биде дел од таа средина. Нивните авантури не останале непознати, туку своето патување го документирале во серија видеа на каналот Јутјуб наречен „The Oder Side (Другата страна)“.
Селото Гола Глава, кое се наоѓа недалеку од Ваљево, поради својата живописност и волшебните зелени ридови го доби прекарот „Српска t.e Балканска Тоскана“. И не е тешко да се види зошто. Ова место изгледа како слика од бајка, а неговата убавина и карактер - нешто што не се заборава лесно.
Што носат Ана и Иан на ова искуство?
Тие се вистински претставници на автентичниот дух. Ана, која потекнува од семејство на српски доселеници во Америка, ја имала честа да се запознае со српската култура уште од најмала возраст, а во нејзината меморија посебно се врежани моментите кога ја избрала Србија за училишен проект. Во својата традиционална српска носија и со специјалитети од српската кујна придонесла за ширење на културата.
Нивните кулинарски патувања биле особено незаборавни. Вкусовите на српските специјалитети, како гибаница, шницли Караѓорѓеви, грав, сливи, пиперки и домати станале дел од нивната приказна. Но, посетата на Србија не би била целосна без дегустација на Шљивовица, познатата српска ракија. Ана и Иан не само што ја пробале, тие и се вклучиле во процесот на правење ракија од слива, чекор по чекор, со помош на вујкото на Ана, Драган.
Иан, кој е роден во Америка и не знаел многу за Србија пред да ја запознае Ана, станал вљубеник во српската култура и храна. Неговата љубов кон овие елементи пораснале до тој степен што конечно добил шанса да ја доживее земјата за која Ана толку многу му зборувала.
Нивната турнеја низ Србија се променила од планирана обиколка на различни дестинации до задоволство на Гола Глава. Седум дена биле доволни за да се заљубат во селото и неговите жители, покажувајќи дека вистинската убавина често се крие на помали, автентични места.
Оваа млада брачна двојка со својата приказна успеа на светот да му ги пренесе убавината и вредностите на српското село на многу атрактивен и инспиративен начин. Нивниот канал на YouTube стана извор на инспирација за сите оние кои копнеат да го откријат непознатото, а Гола Глава стана симбол на српската убавина што ја споделија со светот.
Фото и Видео: Youtube
Извор: Стилкурир