Оваа победа значи дека уште повеќе луѓе ќе можат да ги остварат своите соништа, рече таа при примањето на „историскиот“ Оскар за најдобар режисер, азиската режисерка Клои Жао.
39-годишната режисерка синоќа влезе во историјата како прва жена од друга раса што освои Оскар за најдобра режија. Исто така, таа е само втора жена во 93-годишната историја на доделувањето на најзначајните филмски награди што е лауреат во оваа категорија. Пред Клои Жао успеа само режисерката Кетрин Бигелоу, која во 2010 година стана првата жена што ја добила наградата за најдобар режисер на филмот „Катанец за болка“.
Сепак, Жао е првата жена, не од американско тло, што ја доби оваа награда:
- Јас сум исклучително среќна што можам да го работам она што го сакам. Јас сум навистина благодарна - рече кинеската режисерка откако ја доби златната статуа за најдобар режисер на филмот „Земја на номадите“.
За прв пат во историјата на Оскарите се случи да се номинираат две дами во категоријата најдобар режисер - покрај Жао, во трката беше и британката Емералд Фенел. За скоро еден век, откако е востановен Оскарот, номинирани се само седум жени.
И имајќи предвид дека оваа година, кога станува збор за номинациите, беше направен „преседан“, се очекуваше дека една дама конечно ќе го добие ова признание. Во пресрет на Оскарите, Жао веќе има добиено награди на наградите „Бафта“, Здружението на американски режисери и „Златен глобус“, па не беше изненадување што кинеската режисерка го освои Оскарот.
- Токму ова патување се доживува еднаш во животот - рече Жао, со плетенки на главата, без тронка шминка и во бели патики, додавајќи:
- Оваа награда им ја посветувам на сите кои имаат верба и храброст да се држат до доброто што го носат во себе и доброто кај другите, без оглед на сите потешкотии. Ова е за вас. Ме инспириравте да продолжам понатаму.
Цитирајќи стара кинеска фраза, која гласи: „Секој човек е добар по раѓање“, таа истакна колку тоа и значело како дете, но и дека и денес тоа верување во добрина е еден вид „ѕвезда водилка“.
- Дури и денес, јас длабоко верувам во тие зборови, иако понекогаш се чини дека вистината е сосема спротивна. Сепак, каде и да бев на светот, секогаш наидував на љубезноста на луѓето - истакна режисерката во својот говор.
„Земјата на номадите“ доживеа огромен триумф, бидејќи покрај историската награда за најдобар режисер, го освои и највисокото признание - онаа за најдобар филм, а Франсис Мекдорманд беше награден со Оскар за најдобра водечка женска улога.
Иако е родена во 1982 година во Пекинг и живееше во Кина до тинејџерските денови, нејзината татковина не се потруди да го забележи историското достигнување на режисерка. Веста за нејзиниот триумф на Оскарите се појави на една кинеска веб-страница и беше цензурирана неколку часа по објавувањето, а двата главни медиуми - агенцијата Ксинхуа и ЦЦТВ се преправаа дека се „глупави“. Слично сценарио беше и кога беше наградена со Златен глобус, а филмот што ги доби сите награди во живо допрва ќе има кино дистрибуција, иако ограничена, во Кина.
Можеби причината за сето ова се острите зборови што ги изрече последните години за нејзината татковина, нарекувајќи ја „земја на лагата“:
- Ми се чинеше како тинејџер дека никогаш нема да можам да ја напуштам Кина. Сè што слушав како дете беше лага, што ме направи бунтовник. Дури кога успеав да побегнам во Англија и подоцна во Америка дознав што е вистината.
Без оглед на „ѕидот на тишината“ во нејзината родна земја, Клои Жао, говорејќи на Оскарите за нејзиниот трет филм во нејзината кариера, сепак ја спомна Кина:
Како тинејџерка, Клои Жао се преселила во Брајтон, запишувајќи се на колеџ во овој крајбрежен град на југоистокот на Англија. И кога дипломирала во Брајтон, заминала во Америка да студира политички науки во Масачусетс. Како и да е, тогаш таа се одлучила за уметност и се запиша во Њујоршката школа за уметност Тиш, одделот за филмска продукција. Таа таму, меѓу другото, го проучувала „Занат“ од Спајк Ли. Мал куриозитет поврзан со синоќешните Оскари е тоа што во трката за најдобар филм беа Жао и нејзината соученичка Шака Кин за „Јуда и црниот месија“.
Клои Жао веќе работи напорно на нејзиниот следен проект. Таа му се „придружи“ на семејството Марвел, односно го режираше својот прв блокбастер „Вечни“, во кој играат холивудските sвезди Анџелина Џоли и Селма Хајек. Треба да се појави во киносалите до крајот на годината.
Како некој што израснал во затворена Кина, нејзината прва средба со Холивуд беше преку филмовите „Терминатор“ и „Дух“. Сепак, таа навистина не црпеше инспирација од холивудските филмови. Зборувајќи за нејзините модели, таа честопати истакнуваше дека филмот на Вонг Кар-Ваи „Среќни заедно“ и значеше многу, зборуваше и за круцијалното влијание на нејзиниот професор Спајк Ли, но и за нејзината фасцинација со делата на Вернер Херцог и Теренс Малик. Кога Анг Ли стана првиот режисер од Азија кој го освоил Оскарот за најдобар режисер за „Планината Броукбек“, тој момент беше голема инспирација за младата режисерка. Но, не само освојувањето на Оскар, туку ја прочита и неговата режисерска кариера, за време на која се „префрли“ од жанр во жанр.
- Градење на светот - тоа е најважната работа во мојот бизнис. Затоа сакав да се обидам во Марвел универзумот и да видам дали и што можам да направам. За мене е возбудливо и не е, колку што некому му се чинеше, толку различно од она што го правев досега.