Ана ја покани љубовницата на сопругот да дојде да живее во нивната куќа: Ги остави децата и се исели- следеше шок
Приказната за жената која оставила близнаци на својот сопруг и неговата љубовница ја шокираше јавноста, а на крајот се испостави дека таа не можела да направи подобар потег.
Приказните за измами во браковите се најразновидни, а некои се толку необични што можат да послужат како сценарио за филм. Често слушаме, за жал, како до вчера една прекрасна двојка поднела барање за развод, а главна причина најчесто се некои трети или „непомирливи“ разлики меѓу партнерите.
Сепак, приказната за овој пар треба да биде поука за сите, а особено за жените кои покрај себе имаат неверни сопрузи!
Имено, Ана и Димитрије беа во брак пет години. За тоа време тие добија две деца - момчиња, близнаци. Тригодишните деца беа неверојатно немирни и своеволни, но Ана успеа да се справи со нив.
Меѓутоа, нејзиниот свет се срушил кога Димитрије ѝ признал дека сака друга жена и дека има намера да започне заеднички живот со неа. Ана оптоварена со грижи за синовите не ни забележала дека се случува такво нешто, па ова и било дополнителен шок.
Одеднаш се нашла во својот најлош кошмар. Цел живот се плашела од такво сценарио, завршувајќи како разведена жена со две мали деца.
Кога сопругот и ја кажал вистината, таа не направила скандал. Направила нешто неочекувано: му рекла на сопругот дека може слободно да остане во нивната куќа, згора на тоа да ја донесе и љубовницата!
Димитрије на почетокот мислел дека Ана полудела, но кога почнала да си ги пакува работите следел вистински шок. Имено, оваа жена одлучила дека таа ќе замине, а децата и сопругот ги оставила дома на грижата на неговата љубовница.
Таа се согласила да плати издршка за момчињата, се спакувала и си заминала.
Секој викенд доаѓала да ги земе децата, ги чувала и кога имало празници или кога Димитрије не можел.
Но, љубовницата на нејзиниот сопруг одбила да биде мајка на нивните деца. Сето тоа ѝ беше заморно и не сакала да живее во таква заедница. Таа го сакала Димитрије, но не и неговите деца.
По неколку недели заеднички живот Димитрије остана без љубовницата и сопругата.
Не можејќи да замисли да живее како самохран татко, ја замолил Ана да се врати дома. Таа се согласила, но под еден услов - Димитрије да ја префрли куќата на неа и на децата и секој месец да и плаќа алиментација. Враќање на старите начини не доаѓало во предвид!
Ана сега беше таа што побара развод, а по се што помина, стана вистинска инспирација за жените, особено за оние кои минуваат низ слична ситуација.
извор: Жена бливФото: Фрипик