Ана Курникова и Енрике Иглесијас му ги покажаа на светот трите деца: Семејството позира за роденденот на тато (ФОТО)
Тенисерката Ана Курникова љубоморно го држи подалеку од очите на јавноста својот приватен живот, но одвреме-навреме сепак му покажува на светот дел од својата идила која ја дели со пејачот Енрике Иглесијас и нивните три деца.
Овој пат таа направи исклучок поради роденденот на нејзиниот сакан - Енрике кој на 8 мај наполни 47 години. Во тоа име, Ана сподели семејна фотографија на Инстаграм, на која парот позира со близнаците Николас и Луси и ќерката Мери.
„Среќен роденден на најдобриот тато. Многу те сакаме“, напиша Курникова покрај оваа прекрасна фотографија на која јасно се гледа среќата на славниот пар.
Објавата наиде на бројни коментари од воодушевената публика која беше маѓепсана од слатката сцена и особено убавината на девојките - кои и двете ја наследиле русата коса на мајка си.
Интересно е што вчера Енрике сподели инсерт од семејниот живот на својот профил со цел да го одбележи Денот на мајката, објави урнебесно видео во кое Ана ја учи четиригодишната Луси да танцува.
Инаку, славниот Шпанец и Ана ретко зборуваат за својата љубов, но пред неколку години Енрике отворено зборуваше за тоа дека имале подеми и падови. Призна дека во еден момент сакал дури и да ја остави, но дека кризата е зад нив.
„Имавме подеми и падови како и секој друг пар. Јас сум со Ана 17 години, имавме добри и лоши периоди. Имаше моменти кога сакав сето тоа да заврши, а таа двапати рече дека е готово. Потоа ѝ напишав песна, за да в се извинам, па повторно ја освоив“, изјави Енрике.
извор:zena.blicНеодоливи навивачи: Енрике Иглесијас и Ана Курникова со малите близначиња го следат СП
Совршено семејство: Ана Курникова и Енрике Иглесијас со дечињата Мери, Луси и Николас