Ана Михајловски ужива со поранешниот сопруг на одмор: Повторно среќна со милионерот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Поранешниот сопруг на Ана Михајловски пред две и пол години повторно го освои срцето на водителката

Неколку месеци пред дочекот на Новата 2020 година, поранешниот сопруг на Ана Михајловски, Мирко Грубин и водителката решија да се обидат повторно. Повторно се родиле емоции меѓу нив, а на својата врска ѝ дале уште една шанса. Бидејќи од тој момент помина многу време, коментарите на многумина се дека водителката и милионерот постапиле како што треба, пред сè заради своите наследници, а колку се среќни сведочат и фотографиите на Ана на „Инстаграм“.

View this post on Instagram

A post shared by anamihajlovski1982 (@anamihajlovski1982)


Две и пол години Ана не ја симнува насмевката од лицето, а нејзините најнови слики од одморот привлекоа посебното внимание кај медиумите и јавноста. Имено, водителката заминала на одмор со Грубин и децата, а со следбениците постојано споделува како се забавуваат.


Наместо егзотични дестинации, емотивните партнери, кои се седум години во брак, избраа ова лето да го поминат на патување низ Србија, па прво го посетија Вражје Језеро, па Црно, а потоа Дурмитор. Таму им се придружил и братот на Мирко, Александар Грубин, кој тој момент го овековечи и го објави на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by anamihajlovski1982 (@anamihajlovski1982)



Извор: www.espreso.co.rs