Ана Николиќ избезумена: „Не можам да поверувам дека Лаќа го нема“ - Пејачката изгуби голем пријател
Имено, како што пренесуваат медиумите, неговото безживотно тело било пронајдено на улица, а причина за смртта се сомнева дека е прекумерна употреба на недозволени супстанци.
По повод трагичната смрт на синот на Марина Туцаковиќ, пејачката Ана Николиќ проговори за порталот „Информер“ и видно потресена од оваа вест изјави.
- Лаќа ми беше пријател, другар и соработник. Синот на жената што ја сакав како мајка. Бевме еден покрај друг во многу тешки моменти и веста за неговата смрт ме погоди како гром од ведро небо. Не ми се верува дека го нема, дека нема да ми се јави во два по полноќ, дека нема да ми праќа гласовни пораки со километри... Дека нема да ме насмее и нервира. Беше талентиран, надарен како татко му и мајка му. Тој беше уметник и не е лесно за уметниците во овој суров свет. Се надевам дека ќе најде мир со брат му и мајка му за кои многу страдаше - изјави Ана Николиќ за Информер.
Фото: Youtube - screenshoot