Анастасија ја освои Турција со својата убавина: Неготинчанката со титула Втора придружничка на изборот за Мис на Евроазија 2022
18-годишната неготинчанка Анастасија Божинова ја освои титулата Втора придружничка на изборот за Мис на Евроазија 2022, кој синоќа се одржа во Анталија, Турција.
Во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија, победи претставничката на Бугарија, а титулата Прва придружничка ја освои Мис Казахстан.
-Многу се радувам, бидејќи конкуренцијата беше голема, а ова е мое прво учество на интернационален избор за убавина. Немав воопшто трема, бев сигурна во себе и најискрено очекував една од титулите. На финалето се претставив во креација на Елена Лука, специјално изработена за оваа пригода. Во Анталија сме 10 дена и прекрасно си поминуваме – ни изјави Анастасија.
Божинова е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, кој оваа година се одржа по 17-ти пат.
С.А.Н
ГАЛЕРИЈА: