Анастасија плаче и го гушка пријателот: Прво појавување на Ражнатовиќ по загубата на бебето (ФОТО)
Анастасија не можеше да ги сокрие солзите додека беше на трибините
Фудбалерот Немања Гудељ и неговиот тим вчера триумфираа против Рома, а Анастасија верно го бодреше својот сакан од трибините.
Имено, Ражнатовиќ и покрај сè што и се случува, дојде во придружба на нивниот возач и пријател Рашид, кој на социјалната мрежа Инстаграм објави видео од нив заедно.
Анастасија и Рашид гласно плачеа откако Севиља го зеде трофејот.
– После сè што се случи годинава, вака треба да биде, фала му на Бога – напиша Рашид.
Немања по победата на неговиот тим објави фотографија од теренот и напиша:
- За неа, за нив, за вас - гласеше пораката на Немања на шпански.
Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето, а ја информираше јавноста Немања, додека ќерката на Цеца ги исклучи сите мрежи и целосно се изолира од јавноста.
Извор: www.telegraf.rs