Анастасија Ражнатовиќ се врати во Белград: Откако го загуби бебето, мирот го бара меѓу најблиските
Анастсија
Ражнатовиќ пристигна во семејната вила на Дедиње каде ќе помине време во
друштво на најблиските откако и беше прекината бременоста.
Откако нејзиниот избраник Немања Гудељ неодамна објави дека го загубиле бебето, Анастасија Ражнатовиќ одлучи тешките денови да ги помине во Белград, а потоа повторно да замине кај Гудељ.
Потсетуваме дека, откако Вељко Ражнатовиќ го доби вториот син Крстан, беше објавена веста дека и ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија ќе стане мајка и дека носи девојче.
За жал, минатата недела српскиот репрезентативец Немања Гудељ на својот Инстаграм профил сподели тажна вест.
-Со вас споделивме добра вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. Голема е тагата дека јас и Анастасија го загубивме нашето бебе. „Ова е болен момент за нас, но нашата љубов ќе го надмине и ова“, напиша фудбалерот.
Фото:screenshot/youtube