Анастасија Ражнатовиќ во костим за капење од 2.500 денари: Ќерката на Цеца се снима на јахта, за сите пари ужива на Ибица, а само еден детаљ на неа чини 550 евра

Добивај вести на Viber

Ќерката на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ ги спакува куферите и замина на заслужен одмор.

Имено, Анастасија моментално престојува на Ибица, од каде се огласи на социјалните мрежи.

Таа ужива на јахта во костим за капење, а на Инстаграм профилот кој се занимава со стилот на младата музичка ѕвезда беше објавено колку чини нејзиниот изглед што го носи.

Анастасија била облечена во костим за капење од 5.000 динари или околу 2.500 македонски денари а капата што ја носела тој ден чинела 550 евра.

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ неодамна престојуваше во Германија со нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ, а иако српската фудбалска репрезентација не успеа на Европското првенство, судејќи по сликите на социјалните мрежи, тие две одлично се забавувале.

Вељко e задоволен од сопругот на Анастасија

Да потсетиме, братот на Анастасија, Вељко Ражнатовиќ неодамна проговори за врската на неговата сестра Анастасија и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ.

Ражнатовиќ истакна дека Гудељ е легенда и откри како се чувствува кога неговата сестра го напуштила семејниот дом и се преселила во Шпанија.

- Презадоволен сум од нејзиниот избор, нејзиниот сопруг е легенда и таму е многу подобро отколку што би била со нас - изјави Вељко.

Анастасија ја напушти вилата во Љутиче за да живее во Шпанија со тогашниот дечко, а сега и сопругот, бидејќи Гудељ игра за тамошниот фудбалски клуб.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs