Андреа не се пласираше во финалето на Евровизија: Само Србија обезбеди влез од земјите од Западен Балкан

За жал и оваа година Македонија нема да биде дел од земјите учеснички кои ќе се претстават во финалето на Евровизија.

Андреа со песната „Circlеs“ не успеа да обезбеди влез во финале иако нејзиниот настап предизвика овации.

Од 18-те земји кои учествуваа вечерва, меѓу десетте финалисти е и Србија, како единствена земја која успеа да се пласра во финале, од земјите од Западен Балкан.

Погледнете го настапот на македонската претставничка, Андреа, на Евровизија 2022 (ВИДЕО)


Ова се земјите кои обезбедија влез во финале: Белгија, Чешка, Азербеџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.