Актуелно // Insta вести
Андријана Јаневска со мотор ќе ја шета Македонија: „Tour de Macedonia“ - Среќен 8 Септември
Пејачката Андријана Јаневска празничниот ден ќе го искористи на нејзиното хоби. Познато е дека ја сака музиката, но пејачката обожува адреналин.
Па, така пејачката за денес испланирала тура низ Македонија со мотор. Таа веќе поседува еден убавец со кој минатата година патуваше до Тунис.
„Tour de Macedonia. Среќен 8 Септември, Ден на независноста на Македонија!“, напиша пејачката.
Инаку, Јаневска вози „Хонда Сузуки“. Идејата да вози мотор не и се допаднале на нејзиниот сопруг и татко, но сепак се одлучила за адреналинска авантура. Љубовта кон ова хоби дошла сосема случајно кога со нејзиниот кум свртиле еден круг, и тогаш сфатила дека треба да полага и да си купи мотор.
Фото: Инстаграм
РЖМ