Актерката која во 2005 година ја доби улогата на г-ѓа Смит во филмот каде што го запозна сопругот Бред Пит, Анџелина Џоли започнала врска со актерот Гарет Хедлунд, пренесува Радер Онлајн.
Блиски извори до актерката тврдат дека меѓу Џоли и Хедлунд има неверојатна хемија откако го ангажирала за кастинг за филмот „Непрекинат“, кој таа го режисираше
. "Енџи е многу поласкана, и таа навистина ужива во вниманието на Гарет", вели еден извор.
Анџелина меѓу нејзините пријателки споделила дека е подготвена да има авантура со Гарет.
Блиските извори велат дека врската меѓу нив започнала со мејлови, а потоа се договориле да излезат
. Во септември 2016 година, Џоли објави се разведува од сопругот Бред Пит со кого има шест деца, три се нивни биолошки и три посвоени.