Ангелите имаат крилја затоа што не носат товар: Мартина Михајловска со фотосесија како познатите светски ѕвезди

Поранешната водителка и модел Мартина Михајловска изгледа заносно на фотосесијата која ја направила со неколку наши врвни специјалисти во работата која ја работат.

Таа на фотографиите е облечена целосно во бело и носи големи бели ангелски крилја. Само обувките т.е чизмите „делат“.

Фотките буквално го одземаат здивот и слободно можеме да кажеме дека целиот проект е на висина на задачата сработена како светските ѕвезди.

Мартина изгледа навистина одлично, но и самата позадина кон Охридското езеро и убавата бела ограда од терасата каде е правена фотосесијата остава без зборови.

View this post on Instagram

A post shared by BADSTEF PHOTOGRAPHY (@sokolovski_stefan)



Фотографот Соколовски Стефан покрај фотките напиша: „Ангелите имаат крилја затоа што не носат товар“. 

Секоја чест!


Фото насловна: Инстаграм стори - printscreen - bad stef - колаж

Фото: Инстаграм - Соколовски Стефан