Мора да ги имате во домот: Апарати за домаќинство кои уништуваат 99% од бактериите и вируситe

Добивај вести на Viber

Од сите промени кои дојдоа рака под рака со коронавирусот, значителното зголемување на хигиената на секој поединец, но и на хигиената во домот е една од поважните. Ова го потврдува и истражувањето на потрошувачите од страна на Беко, кое е спроведено во 31 земја и кое откри дека една од главните грижи е хигиената.

Во овие услови, многумина ги дезинфицираа производите од супермаркетите кога ќе се вратат дома, потоа внимаваат при ракувањето со мобилните телефони и клучевите, но и при внесувањето на јакните во домот. Исто така, зголемено е и нивото на чистење и перење во домот, а некои луѓе ја чистат постелнината. 75% од луѓето почесто го чистат домот, 64% повеќе перат, а 68% внимаваат повеќе на чистотата на пакувањето на купените намирници.

„Домот одигра клучна улога во неодамнешната глобална криза, принуден да служи како канцеларија, училиште, место за вежбање, ресторан, дури и како место за здравствена заштита. Нашите домови станаа линија на фронтот на нашите надворешни животи” - Кристофер Сандерсон, главниот извршен директор на Future Laboratory, консултантска куќа од Лондон, забележа во својот извештај.

Затоа, како одговор на растечките потреби на потрошувачите во пост - карантинското време, Беко, водечкиот бренд за апарати за домаќинство го создаде HygieneShield, револуционерното портфолио на апарати за домаќинство, а ние во продолжение ви предложуваме некои производи кои ќе ви помогнат да се одлучите за вистинскиот и квалитетнитен апарат за подобро искуство со хигиената во домот.

1. УВ комора за чистење

Коронавирусот може да преживее пет дена на рамни површини, па комората користи технологија на УВ светло за да ги исчисти предметите кои сте ги користеле надвор од домот и кои ве загрижуваат. Клучеви, телефони, паричници, пакувани производи од супермркет, пластични кеси, шишиња за бебиња и играчки, сите овие можат безбедно да се исчистат за 20-40 минути без никакво оштетување на предметите.  Овој паметен мобилен уред може да се смести каде било во домот, а неговиот екран на допир е едноставен за користење.

2. Комбиниран фрижидер со фиока за дезинфекција

Фрижидерот ги дезинфицира прехранбените производи во нивното оригинално или запечатено пакување уништувајќи повеќе од 99% од бактериите и вирусите за приближно 40 минути. Наместо да го пребришувате секој артикл од супермаркет кој ќе го внесете дома или да го складирате на сигурно неколку дена, овој фрижидер го прави тоа за вас. Неговата посебна фиока за дезинфекција сместена над ладилникот уништува вируси, бактерии и микроби користејќи технологија на УВ светло кое се дистрибуира низ преградата.

3. Машина за сушење со технологија на УВ светло

Секојдневното перење на алишта или пак перењето деликатна облека на висока температура не е практично, но сепак сакаме да се чувствуваме сигурни дека нашите алишта се хигиенски чисти.

Машината за сушење ги уништува бактериите и вирусите и обезбедува дезинфекција на вашите алишта на сигурен и практичен начин. Hygienic Refresh УВ-програмата освежува до шест суви парчиња облека. Дополнително, HygienicDryingУВ-програмата суши и хигиенизира до 5 кг испрани алишта, дури и облека која се пере на ниска температура.

4.& 5. HygieneShield машина за перење и сушење

Не знаеме колку долго коронавирусот може да преживее на текстил и многумина од нас се загрижени за облеката кога доаѓаме дома. Она што го знаеме е дека луѓето ги перат своите алишта подолго и на повисоки температури како резултат на пандемијата. Ова може да е поскапо, не е одржливо, а тука е и ризикот од оштетување на нашите омилени алишта.

Со паметен алгоритам, дополнителен канал за греење и систем за вентилација, програмата за хигиенска терапија го исполнува барабанот со топол воздух за да ја одржи температурата на алиштата на 60°C со цел комплетно да ги дезинфицира вашите алишта без користење на вода. Повеќе од 99% oд вирусите и бактериите се уништуваат од 2 кг алишта за 58 минути, заштедувајќи ви вам пари пари, а планетата од користењето на хемикалии и дополнителна вода.

6. Вградна фурна со заситена пареа и топлина

Оваа фурна не само што ја приготвува вашата храна, туку и ја чисти. Овој уред има две посебни програми за дезинфекција кои ја користат ја исклучителната моќ за дезинфекција на заситена пареа и топлина и кои работат на 70°C и 120°C. Вклучете ја фурната на 70°C за 15 минути за да ги дезинфицирате површините на пакуваната храна и да ја направите површината на печивата похигиенска, без никакво влијание врз нивниот вкус или структура. Користејќи ја фурната на 120°C за 20 минути ќе дезинфицирате предмети како метални чинии или стаклени садови.

7. HygieneShield машина за садови

Луѓето ù веруваат на својата машина за садови многу повеќе отколку на рачното миење и земено предвид дека 79% од нас повеќе готват дома, садовите се множат. За дополнителни хигиенски резултати, оваа машина има хигиенска функција со пареа и дополнителни функции за топло испирање.

Пареата што се создава при високи температури и дополнителното топло испирање гарантираат дека целосно секој сад е перфектно хигиенски. Машините за садови со функцијата HygieneIntense може да ја користат со секоја програма која овозможува дезинфекција користејќи високи температури од 60°C (при главното миење) и 70°C (топло испирање). Технологијата исто така може да се користи за дезинфекција на кујнски прибор на температурата над 60 степени за 50 минути. Функцијата HygieneIntenseовозможува дополнителен чекор за испирање за повисоко ниво на хигиена. Оваа технологија независно ја тестира Универзитетот RhineWaal.