Првата од ваков вид линија на апарати за домаќинство на Беко уништува повеќе од 99% од бактериите и вирусите вклучително и коронавирусот
Беко, водечкиот европски бренд за апарати за домаќинство, го разви HygieneShield, револуционерно портфолио на апарати за домаќинство, создадени како одговор на растечките потреби на потрошувачите во пост-карантинското време.
Новото портфолио вклучува седум уреди со вградени програми за дезинфекција и функции за дезинфекција на пакувана храна и предмети кои ќе им помогнат на потрошувачите да се адаптираат на „новото нормално“ дома. Создадени како резултат на длабинско истражување на потрошувачите спроведено низ цел свет и со иновативна технологија, линијата производи Hygiene Shield има моќ да уништи повеќе од 99% од бактериите и вирусите (вклучително и корона вирусот), овозможувајќи ниво на сигурност какво што нема на пазарот.
ИстражувањетонапотрошувачитеодстрананаБеко спроведено во 31 земја откри дека една од главните грижи е хигиената. Многу од нас при враќањето дома ги дезинфицираме производите од супермаркетите, внимаваме при ракувањето со мобилните телефони и клучевите или пак при внесувањето на јакните во куќата. Зголемено е нивото на чистење и перење во домот, а некои луѓе ја дезинфицираат и постелнината. 75% од луѓето почесто го чистат домот, 64% повеќе перат, а 68% внимаваат повеќе на чистотата на пакувањето на купените намирници.
Линијата е инспирирана од природата и користи методи како пареа и топлина за да им овозможи на потрошувачите да постигнат одлични хигиенски услови во домот. Во виртуелното претставување на линијата на Главниот извршен директор на Арчелик, Хакан Булгурлу, му се приклучија Маркетинг директорот на Арчелик, Зејнеп Јалим Узун, како и гостинските предавачи, медициската ТВ личност Доктор Сара Џарвис и Кристофер Сандерсон, ко-основач и Главен извршен директор на Future Laboratory.
Хакан Булгурлу изјави „Ова беше многу тешка година и веруваме дека сега повеќе од кога и да е, сите треба да имаат пристап до високо-квалитетни производи кои ќсе грижат за нив и за средината. Возбудени сме за претставувањето на најновата иновација од Беко и нашата прва целосна линија на производи на пазарот. Производите се создадени за да им помогнат на потрошувачите да постигнат професионално ниво на хигиена во домот и да се заштитат од инфекции и болести. АirmidHealthGroup, реномирана биомедицинска истражувачка организација, независно ги тестираше нашите технологии. Од денеска, машините за перење и фрижидери HygieneShield покажуваат дека обезбедуваат повеќе од 99% намалување на бактериите и вирусите. Тестирањата на другите категории се во тек и очекуваме дека ќе постапките за испитување и сертифицирање ќе завршат до ноември. Додека сите продолжуваме со прилагодување на „новото нормално“ се надеваме дека нашите производи ќе ги успокојат потрошувачите дека нивните домови се безбедни и чисти.”
Д-р Сара Џарвис изјави, “Имав емисија на телевизија каде ги истакнав позитивните примени на УВ светлината во дезинфекција: со години има широка примена во стерилизација на болниците, авионите и фабриките. Во Кина исто така се користи од април годинава. Ковид-19 нè натера сите да размислуваме како живееме надвор од домот, со маски и на социјална дистанца, но забележувам дека моите пациенти почнуваат да размислуваат за хигиената во домот каде што сега поминуваме многу повеќе време. Не мислам дека треба да се вратиме на работните места сè уште – доколку условите дозволуваат работата од дома ќе нè заштити и ќе го оневозможи ширењето на Ковид-19. Предизвикот е да ги одржиме работите чисти; ги советувам моите пациенти почесто да ги перат крпите за бришење (особено оние во влезниот тоалет), а маските за лице после секоја употреба.”
Кристофер Сандерсон, Главен извршен директор на FutureLaboratory, консултантска куќа од Лондон која ги предвидува трендовите, во својот нов извештај забележува „Домот одигра клучна улога во неодамнешната глобална криза, принуден да служи како канцеларија, училиште, место за вежбање, ресторан, дури и како место за здравствена заштита. Нашите домови станаа линија на фронтот на нашите надворешни животи”
Зголемете го вашето искуство со хигиената дома
1.УВ комора за чистење
Коронавирусот може да преживее пет дена на рамни површини, па комората користи технологија на УВ светло за да ги исчисти предметите кои сте ги користеле надвор од домот и кои ве загрижуваат. Клучеви, телефони, паричници, пакувани производи од супермркет, пластични кеси, шишиња за бебиња и играчки, сите овие можат безбедно да се исчистат за 20-40 минути без никакво оштетување на предметите. Овој паметен мобилен уред може да се смести каде било во домот, а неговиот екран на допир е едноставен за користење.
2.Комбиниран фрижидер со фиока за дезинфекција
Фрижидерот ги дезинфицира прехранбените производи во нивното оригинално или запечатено пакување уништувајќи повеќе од 99% од бактериите и вирусите за приближно 40 минути. Наместо да го пребришувате секој артикл од супермаркет кој ќе го внесете дома или да го складирате на сигурно неколку дена, овој фрижидер го прави тоа за вас. Неговата посебна фиока за дезинфекција сместена над ладилникот уништува вируси, бактерии и микроби користејќи технологија на УВ светло кое се дистрибуира низ преградата.
3. Машина за сушење со технологија на УВ светло
Секојдневното перење на алишта или пак перењето деликатна облека на висока температура не е практично, но сепак сакаме да се чувствуваме сигурни дека нашите алишта се хигиенски чисти.
Машината за сушење ги уништува бактериите и вирусите и обезбедува дезинфекција на вашите алишта на сигурен и практичен начин. Hygienic Refresh УВ-програмата освежува до шест суви парчиња облека. Дополнително, HygienicDryingУВ-програмата суши и хигиенизира до 5 кг испрани алишта, дури и облека која се пере на ниска температура.
4.& 5. HygieneShieldмашина за перење и сушење
Не знаеме колку долго коронавирусот може да преживее на текстил и многумина од нас се загрижени за облеката кога доаѓаме дома. Она што го знаеме е дека луѓето ги перат своите алишта подолго и на повисоки температури како резултат на пандемијата. Ова може да е поскапо, не е одржливо, а тука е и ризикот од оштетување на нашите омилени алишта.
Со паметен алгоритам, дополнителен канал за греење и систем за вентилација, програмата за хигиенска терапија го исполнува барабанот со топол воздух за да ја одржи температурата на алиштата на 60°C со цел комплетно да ги дезинфицира вашите алишта без користење на вода. Повеќе од 99% oд вирусите и бактериите се уништуваат од 2 кг алишта за 58 минути, заштедувајќи ви вам пари пари, а планетата од користењето на хемикалии и дополнителна вода.
6.Вградна фурна со заситена пареа и топлина
Оваа фурна не само што ја приготвува вашата храна, туку и ја чисти. Овој уред има две посебни програми за дезинфекција кои ја користат ја исклучителната моќ за дезинфекција на заситена пареа и топлина и кои работат на 70°C и 120°C. Вклучете ја фурната на 70°C за 15 минути за да ги дезинфицирате површините на пакуваната храна и да ја направите површината на печивата похигиенска, без никакво влијание врз нивниот вкус или структура. Користејќи ја фурната на 120°C за 20 минути ќе дезинфицирате предмети како метални чинии или стаклени садови.
7.HygieneShield машина за садови
Луѓето ù веруваат на својата машина за садови многу повеќе отколку на рачното миење и земено предвид дека 79% од нас повеќе готват дома, садовите се множат. За дополнителни хигиенски резултати, оваа машина има хигиенска функција со пареа и дополнителни функции за топло испирање.
Пареата што се создава при високи температури и дополнителното топло испирање гарантираат дека целосно секој сад е перфектно хигиенски. Машините за садови со функцијата HygieneIntense може да ја користат со секоја програма која овозможува дезинфекција користејќи високи температури од 60°C (при главното миење) и 70°C (топло испирање). Технологијата исто така може да се користи за дезинфекција на кујнски прибор на температурата над 60 степени за 50 минути. Функцијата HygieneIntenseовозможува дополнителен чекор за испирање за повисоко ниво на хигиена. Оваа технологија независно ја тестира Универзитетот RhineWaal.
Белешки за уредникот
За Беко:
Беко е интернационален бренд за апарати за домаќинство на Арчелик кој е присутен во повеќе од 140 земји. Нуди линии на производи како бела техника, клима уреди и апарати за домаќинство. Беко е водечки самостоен бренд за куќни апарати во Европа во секторот бела техника и број 1 бренд за големи куќни апарати во Велика Британија. Брендот е главен партнер во ФК Барселона, партнер за именување на машкиот кошаркарски тим Фенербахче и официјален снабдувач на Европското првенство Лига на легенди (LEC).
*Комерцијален текст