Апостол Симовски: Малиот број на граѓани со факултет се должи на тоа што младите се отселуваат

Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, рече дека релативно малиот број на лица над 15 години со завршено високо образование во Македонија се должи на тоа што голем број од младите се отселуваат од земјата.

Вчера ДЗС во рамки на третиот сет на резултати од пописот на населението во 2021 објави дека  263 349 лица или 17.3 % се со високо образование во структурата на граѓани постари од 15 години.

- Ние пордуцираме кадри, ама забораваме дека ова е резидентно население. Најголем дел од планот на младите е да замине. Затоа е толку мал процентот со факултети, рече Симовски.

Детали читајте на Фактор тука.