(ФОТО) Апсолутен моден хит: Јелена Ѓоковиќ како тренди поддршка на Новак
Сопругата на најдобриот српски тенисер, Јелена Ѓоковиќ пред финалето на УС Опен, во кое Ѓоковиќ го победи Дел Потро, испрати силна порака до нејзиниот сопруг.
Таа на своите профили на социјалните мрежи објави фотка од Новак под која стоеше:
„Веруваме во тебе, љубов".
Нема сомнеж дека таа е најголемата поддршка на тенискиот гигант и внимателно го следи секој негов потег, а она што привлече внимание е модната комбинација во која таа го проследи натпреварот.
Иако претходните денови, за време на US Open, најчесто ја гледавме во разиграни стилски комбинации, овојпат се појави во сосема поинакво издание.
Со оглед на тоа дека во Њујорк постојано врнеше со текот на денот, а температурата беше значително пониска, Јелена се одлучи за модерна јакна.
Јелена избра кратка зелена јакна со цветен дезен, а бидејќи оваа година тоа парче беше комплетен хит, Јелена го направи вистинскиот моден избор.