Арсовска од самитот во Софија: Обединет регионален пазар е наша иднина

Добивај вести на Viber

Претседателката на Сојузот Арсовска ја предводи бизнис - делегацијата на Република Македонија, која е најголема од земјите од Западен Балкан, со традиционално учество на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Таа е специјален гостин на Виенскиот економски форум под покровителство на бугарското претседателство на Советот на Европската Унија.

Во своето обраќање нa отворањето на Виенскиот економски форум вчера вечер таа ја истакна важноста од спроведувањето на економските реформи во Република Македонија во процесот на приближување до Европската Унија. Економскиот форум продолжува и денес со учество на премиерите на државите од Западен Балкан. 

„Спроведувањето на економските реформи во земјата со приоритет на регулаторната реформа, реформи на енергетскиот и транспортниот пазар, намалување на неформалната економија и функционирањето на пазарот, како и доследност на политиките, владеење на правото за привлекување и задржување на инвеститорите, претставуваат приритети, кои значат заедничка работа на сите важни чинители во општеството како клучни за постигнување економски раст, конкурентност и подобар животен стандард. Потребно е искористување на достапните фондови, за да изградиме силна економска мрежа со земјите од Западен Блакан, како обединет пазар, кој ќе го зајакне регионот и ќе го приближи до ЕУ", изјави Арсовска.