Прво се сликав со луѓето па ме боцнаа: Атиџе за Женски магазин откако се вакцинираше

Атиџе Муратова, хероината на документарниот филм Медена земја, се вакцинираше против Ковид денеска во А1 Арената. 

Атиџе на имунизација дојде со својата пријателка Сузана Турунџиева. 

Таа беше главна ѕвезда на пунктот за вакцинација, сите се сликаа со неа, од медицинскиот персонал до граѓаните кои добија термин за денес. 


Атиџе за сите најде време и по некој убав збор. 

Таа, откако неколку месеци живееше во Скопје, сега е повторно дома, во нејзината нова куќа во селото Дорфулија. 

-Супер сум, сестрата што ме боцна има лесна рака. Ништо не болеше. Ама, прво се сликав и се дружев со луѓето, па ме боцнаа. За муабет со добри луѓе мора да има време", ни изјави Атиџе. 


„Ајде, нека помине се ова, па дојдете ми на гости во новата куќа, да видите колку ми е убаво", додаде Атиџе со нејзината позната широка насмевка. 

(М.Џ)