Ау, каков фраер е таткото на Бресквица: Целиот во мускули, а вака се грижи за пејачката ФОТО
Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица ја започна својата музичка кариера многу млада, а нејзиното семејство е нејзин најголем поддржувач од самиот почеток.
Тие се многу посветени на нејзината кариера, па камерите на „Папарацо лов“ еднаш го уловија таткото на пејачката, кој ја чекаше на аеродромот во Белград, откако таа се врати од настап.
Во тоа време, како и секој грижлив родител, дојде да ја земе Бресквица, а вниманието на многумина го привлече кога ја бакна својата ќерка во чело, што е само доказ колку го сака своето дете, за кое велат дека наликува на нејзиниот згоден татко.
Инаку, таа еднаш истакна дека и нејзините најблиски се нејзини најголеми критичари.
- Поддршката од семејството отсекогаш ми била важна. Се радувам кога гледам дека се горди на тоа што го работам. Завршив средно музичко училиште, насока пијано и на девет години за првпат пеев пред нив. Верувам дека тогаш препознаа дека ме интересира уметноста и природно им беше што ја одбрав музиката. Изградивме искрена врска и благодарна сум за тоа што секогаш имав поддршка од нив, но и искрени критичари – изјави Игњатовиќ.