Авичи извршил самоубиство со парче стакло?

Добивај вести на Viber

Светски познатиот шведски диџеј Авичи, кој беше пронајден мртов на 20 април во главниот град на Оман, Мускат, извршил самоубиство, пренесоа светските медиуми.

Според соопштението, музичарот страдал од тешка депресија и претрпел фатални рани од стакло и загубил доста крв.

Полицијата до сега официјално не ја објави причината за смртта на Авичи, единственото нешто што беше јасно е дека неговата смрт не била предизвикана од друг.

Пред неколку дена, семејството на Авичи објави писмо во кое се вели дека диџејот ставил крај на својот живот, бидејќи "тој не можел да издржи повеќе".