Австралиското реално шоу „The Bachelor“ на битолчанката Ирена ѝ донесе победа и љубов за цел живот: Бајка која трае веќе две години

Филмски - битолчанката Ирена ја пронајде љубовта и го освои најпосакуваниот ерген во австралиско шоу во 2020 година.

Австралиското реално шоу „The Bachelor“, воедно и едно од најпопуларните шоуа таму, на битолчанката Ирена ѝ донесе победа и љубов за цел живот.


Во 2020 година, во шоуто околу десетина девојки се бореа за љубовта на ергенот Локлан Гилберт, а единствено Ирена Србиновска, девојката со македонски корени, која живее во Мелбурн го освои срцето на Локи, а со тоа ја однесе и победата во самото шоу.


Тогаш 31-годишната Ирена веднаш се истакна помеѓу сите девојки, а беше голем фаворит во Австралија. Таму ја претставуваа како убавица со остар ум, а Локи призна дека веднаш се поврзал со неа.


Дека нивната љубов е вистинска, Ирена и Локи докажуваат со тоа што веќе две години се заедно во добро и лошо. 
За жал, парот минатата година објави дека го загубиле бебето кое го очекувале, во првите месеци од бременоста на Ирена, кога дошло до спонтан абортус.
Тие храбро продложуваат напред во животот и не се откажуваат од желбата да имаат деца.

Локи и Ирена се активни на Инстаграм каде секојдневно споделуваат за нивниот живот.


Инаку Србиновска е медицинска сестра по професија

Интересно е што во оваа шоу во 2020 година по втор пат победи Македонка. Имено неколку години пред тоа срцето на ергенот Сем Вуд, го освои Снежана Маркоска, по потекло од Охрид.

ГАЛЕРИЈА: