Го молев Бог и не ми успеа: Неда Украден прговори за што најмногу страдала

Добивај вести на Viber

Пејачката Неда Украден ретко зборува за својот приватен живот, но во интервјуто за порталот „Србија Данас“ ја откри својата неостварена желба. Украден вели дека во животот имала и страдања и среќа и генерално и е горда на сѐ што постигнала, особено на својата ќерка, Јелена.

Но, и покрај тоа, познатата пејачка жали што немала повеќе деца.

Неда со ќерката Јелена, зетот Пецо и со внуците Душан, Александра и Неда 

„Му се молев на Господ, но не ми успеа, се молев да имам повеќе деца. Тоа така требало да биде во животот, не се случило затоа што не сум можела. Просто, немав маж, партнер и соодветни услови, а секое дете според мене треба да има и мајка и татко. Не е битно дали се во брак или не, важно е да се во добри односи“, изјавила Неда, а потоа открила како ја воспитала својата ќерка, Јелена.

Со внуците 

„Кога мојата ќерка беше мала, иако бев разведена, имав полна поддршка од мојот татко. Кога Јелена се омажи и ме израдува со три внучиња, ми ја исполни секоја желба. Ме направи горда и среќна. Што се однесува до материјалните нешта, не е среќата во тоа каква марка на автомобил имаш или каква бунда носиш. И со добар автомовил и добра облека можеш да бидеш несреќен ако душата не ти е полна“, изјавила пејачката за „Курир.рс“.