Моден фокус // Трендови
Автентично луксузно одморалиште за уживање во мир и тишина (Галерија)
Спектакуларните „White Exclusive Suites & Villas“ ќе понудат се што ви треба, ако не и повеќе од тоа. Ова фантастично одморалиште се наоѓа на португалските Азорски Острови, кои инаку се сметаат за една од најдобрите дестинации за одмор во целиот свет.
Сместени во срцето на Атлантскиот Океан, Азорските Острови се уште се раскошен рај, каде што посетителите можат да уживаат во набљудување на китови, пешачење по вулкани и секојдневно спуштање низ водопади. Поврзаноста со природата никогаш не звучела подобро!
Одморалиштето има само десет луксузни соби и апартмани во својата понуда, и се наоѓа во „Lagoi“, мал крајбрежен град, во јужниот дел на островот Сан Мигел.