Баба? Имала 74 години? Епа видете ја Неда Украден во костим за капење и направете длабок наклон- Браво Неда
Веќе е познато дека изгледот на Неда Украден може да им парира на нејзините помлади колешки, а сега пејачката позираше во бикини и уште еднаш ги воодушеви сите со својата линија
Пејачката Неда Украден покрај бројните хитови што ги има, ги воодушевува сите и со својот младешки изглед, иако годинава ќе го прослави својот 74-ти роденден.
Сега своите следбеници на Инстаграм ги почести со фотографија од Бока Котарска во темно сино едноделно бикини со кое ја истакна својата фигура.
„Без филтри, без ефекти! Само сонце, море! Најдобро ме слика мојата внука", напиша во описот на објавата, а не изостанаа коментари за нејзиниот изглед.
„Изгледаш одлично. Вистинска дама - секогаш насмеана, весела и позитивна“, „Најубава си, не ти требаат никакви филтри“, „Дама“, „Дива“, „Честитки на твојот изглед“, беа дел од нив.
73-годишната пејачка настапува од 1967-ма година, но со својот изглед им парира и на помладите колешки.