Бабата му запеа: Реакцијата на бебето ќе ве стопи (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Малото девојче се обидува да пее со својата баба, не престанува да го имитира она што го слуша

Малите бебиња се како сунѓери. Имаат многу да научат од овој голем свет и од моментот кога првпат дишат во воздухот, апсорбираат се‘ околу себе, секој поглед, звук, вкус, мирис и допир.

Бидејќи се нови во овој свет, немаат идеја што прават. Се‘ што прават е прв пат. Се‘ е свежо и одлично и се‘ е можност за ново сеќавање. Кога оваа баба ја зема внуката во прегратка и ја опсипува со љубов и внимание, тоа не е важно само за нејзиниот раст, туку и за учењето, а и добро ги насмевнува баба ѝ и мајка ѝ.

Со бебето во раце, бабата седи и ја пее песната на Луис Армстронг од 1935 година „I'm in the Mood for love“, а бебето веднаш се фиксира на својата баба. Нејзиниот глас е нежен и топол и совршен за на бебето да му биде убаво и удобно. Како што бабата пееше подолго, така и бебето и се придружи. Бебенцето се обидува да пее со својата баба, а нејзиниот труд е толку сладок, бидејќи не престанува да го имитира она што го слуша.

Мама ја држи камерата и не може да престане да се смее. Дури и баба во еден момент мора да направи пауза за да здивне од толку смеење. Ова е толку скапоцен момент помеѓу три генерации.



Фото и Видео: Youtube

Чие синче е малиот Дејвид: Изгледа како кукла, личи на Борис Џонсон и Борис Бекер (ФОТО)