Култура // Филм
Бали бег се пожали: Ме прогонуваат жени
Бурак Озчивит, мометално најпознатиот турки актер кој го знаеме од серијата „Величенствниот“ каде го глумеше Бали бег, деновиве се одмара со своето семејство. Тој е оќенет со Фахрије Евсен и го имаат синот Каран.
Озчивит, кој го заврши сезонското финале на серијата „Фондација Осман“, рече дека тие ќе одат на годишен одмор и едвај чека да замине затоа што снимањата му се пренапорни и одамна се нема одморено.
Кога турските новинари го прашаа што најпрво изговорил неговиот син- тато или мама, тој рече дека Каран веќе почнал да зборува, а првиот збор му бил мама.
- Опасен е, многу бистар, на тато (се смее). Прво изговори мама, а потоа веднаш рече тато. Го обожаваме сите, постојано не’ смее- рече актерот.
Се пожали и дека многу жени му пишуваат насекаде и дека воопшто нема мир, ама и дека му годи популарноста, не само во Турција туку и во Европа.
Извор: Келебег.тр
Можеби ќе ве интересира и (ФОТО) Милион жени го лајкнаа на Инстаграм: Бали Бег со нов имиџ