(ФОТО) Милион жени го лајкнаа на Инстаграм: Бали Бег со нов имиџ

Симпатиите на женскиот дел од публиката, Бурак Озчивит ги освои со улогата на Бали Бег во серијата „Величенствениот“. Сега, турскиот актер се реши за промена на имиџот. Тој пушти коса и брада и позираше со новиот имиџ. 

На фотографијата на Инстаграм на е на балкон, тој носи црни пантолони, бела маица и бели патики. Целиот стајлинг, тој го надополни со црн, долг ѓердан, а долгата коса ја собра во мала пунџа. 

Фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, а обожавателките му пишуваат дека е прекрасен со новиот имиџ. Последниве две години, Бурак е во брак со актерката Фахрије Евцен (33). Во април, тие го добија синот Каран.