Бегајте подалеку од нив: Ова се најопасните 4 знаци во зодијакот

Добивај вести на Viber

Овие хороскопски знаци нема да ве нападнат само поради одмазда, туку и од завист или затоа што едноставно не им се допаѓа како се онесувате со нив. Кај три од нив е нагласен воинствениот Марс, додека четвртиот е под покровителство на надменото Сонце.

Скорпија

Најопасните луѓе во зодијакот се родени во знакот на Скорпија. Важат за одмаздољубиви, но одмаздата е само еден од мотивите за покажување на нивното зло. Доволно е што сте антипатичен за нив. Дури и ако не сте им кажале ништо грдо, тие повремено можат да ви упатат цинични забелешки и да ве потсетат на вашите грешки и слабости. Ако сте нивни конкурент, тие ќе планираат да ве тргнат од патот, а омилената тактика им се лажни обвинувања и подметнување докази. „Идеално“ би било да не ги налутите.

Јарец

Заедно со Скорпијата и Бикот, се најголемите злопамтила. Ако сте им замерувале во детството, Јарците можат да чекаат до старост, да добијат можност и да ви вратат. Тие се најлоши кон оние кои ги сметаат за закана, не трпат забелешки и шеги на нивна сметка. Доколку се посомневаат дека сте нивни конкурент, особено во бизнисот, превентивно ќе ви постават замки.

Овен

Овенот ќе ви каже се што има на ум во лице, без да ги земе предвид вашите чувства. Тие можат да станат агресивни ако се чувствуваат повредени, особено ако откријат дека нивниот партнер има иста цел или ако забележат дека некој поуспешен или побогат од нив се обидува тоа да го искористи против нив. Можат да направат проблем само затоа што некој им оди на нерви.

Лав

Ќе се сретнете со нивниот гнев ако ги навредувате, не ги почитувате или се правите важни во нивното друштво. Нивниот репертоар вклучува напади на гнев на самото место и долгорочни шеми и озборувања. За разлика од Овенот, тие се способни да се преправаат пред жртвата дека се е во ред, а зад сцената подготвуваат опасна офанзива.

Фото:freepik