Бејби бум најмногу во пандемијата на ковид: Принови на познатите во последните 5 години

Добивај вести на Viber

Пет години, 60 месеци или над 1800 дена секојдневно ве информираме за новитетите кај познатите, за јавните личности во Македонија, Балканот, но и од светот. Во последните пет години се случија навистина премногу настани, венчавки, разводи, нови песни, видео спотови, принови, за жал изгубивме и неколку познати личности... Денес ќе се задржиме на убавите работи, на приновите кај познатите- кои познати личности станаа родители, кои добија деца. Токму на оваа тема по повод јубилејот на Женски магазин правиме ретроспектива.

Во 2017-та, годината кога Женски магазин започна со работа се родија повеќе бебиња, а меѓу нив е и детето на актерот Сашко Коцев кој доби ќерка. Тој и неговата сопруга Смиљана ја добија Јана. Таа година принова доби и пејачката Јана Бурчевска, која ја претставуваше Македонија на Евровизија во Украина во 2017 година, а токму таму на најпознатиот музички натпревар во Европа се случи и првиот предлог за брак телевизиски прикажан пред целиот свет, кога сега веќе сопругот на Јана, музичарот Александар клекна на клекна ѝ ја запроси. Во октомври истата година ја добија ќерката Дона. Јана е мајка и на малиот Дарен кој се роди во 2020 година. 

И една од омилените водителки на јавноста, Милена Антовска Станковска ја роди својата прва ќерка Лана Марија во август 2017-тата, а втората ќерка Јоана, водителката ја доби на почетокот на оваа година. Но и нашиот најпознат модел, Катарина Ивановска токму во 2017- та го роди своето прво дете, синчето кое го крсти Вања. Ивановска во 2019 доби уште една принова, ја роди ќеркичка Кира. 

Во 2018 поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, стана мајка и го роди Петар, а инаку таа е во брак со Влатко од 2010-та. Во таа година и пејачката Тамара Тодевска го доби своето второ дете, синот кој го крсти Дарен. Инаку Тамара е мајка и на Хана, која годинава наполни 6 години. 

Пред четири години принова во семејствата добија и пејачките Аделина Тахири која го роди синот Јон и Сара Мејс која роди ќерка- девојчето го носи името Илина. Пејачката и харфистка и нејзиниот сопруг, маркетинг менаџерот и водител Димитар Атанасовски пред 2 месеци станаа родители и на малиот Кирил. 

Актерката Јана Стојановска, предвреме се породи во 2019-тата. Доби син кој го крсти по нејзиниот прерано починат татко, бебенцето го доби името Ненад. Како што изјави тогаш во интервју за Женски магазин, Ненад ги изненадил сите. Тешко породување истата година имаше и пејачката Нина Јанева, која во септември 2017 ја роди ќерка ѝ Арија. 

Пејачката, водителка и писателка Сузана Турунџиева во март 2019-тата стана баба. Нејзината ќерка Лора го роди синот Јаков. А актерот Кирил Поп Христов - Кили во јуни стана дедо. Неговата ќерка Јоана се породи во Еквадор, роди машко дете, кое по желба на родителите се вика Аниш Круз Родригез Деан.

2020- тата и 2021-та се години кои дефинитивно ќе бидат запаметени по големиот број на принови кај познатите. Пандемијата донесе многу бебиња. Времето кое сите го поминавме најмногу дома, можеби за дел од познатите значело правење планови за проширување на семејството.

Актерката Јована Јованова вешто криеше дека е бремена и за време на најсилните земјотреси кои го погодија Загреб, каде што живее со сопругот Стјепан во јуни 2020-тата роди син, малиот го крстија Јаков. 

Водителката и новинарка Нора Шаќири Марковиќ, среде пандемијата на Ковид-19 стана мајка, го роди Ијан.

Во јули 2020-та, пејачот Маријан Стојановски и неговата сопруга Наташа станаа родители на Вероника. Истиот месец родители станаа и водителката Анастасија Деа и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски, кој на јавноста и е познат под севдонимот Бетмен Велит, двојката во 2020-тата ја доби ќерката Дениција, а во април годинава парот го доби и синот Раде. 

Во август 2020-тата, капитенот на ракометарниот клуб „Вардар“, Столе Стоилов и неговата сопруга Деница го добија синот Бојан. И поранешниот репрезентативец и фудбалер на ФК Варадар, Влатко Гроздановски стана татко во 2020-тата во ноември, доби второ дете, ќеркичката Ива.

По долга борба и огромна желба за наследник, пејачката Татијана Стефановска во 2021 роди ќерка, девојчето доби име со посебно значење - Ана, што значи благодат, благонаклонетост.  


Истата година се породи и пејачката Туна, која доби уште еден син. Во 2021 стана мајка и Цеце, водителката на утринската програма на Телма. Синот го крсти Бодан. Нејзината колешка, поранешната водителка на кулинарното шоу „Брза кујна“ Александра Илиевска се породи во јануари, роди девојче кое го крсти Сара.

Годинава 2022, исто така е богата со принови кај познатите, мајка стана инфлунсерката Анѓела, која роди син, момчето доби необично и модерно име Лиам.  

Манекенката и поранешна водителка Мартина Михајловска во август годинава доби второ дете, го роди синот Матиас. Инаку Мартина и нејзиниот сопруг бизнисменот Виктор Илоски ја имаат и ќеркичката Алана која во април наполни три годинки. 

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков во истиот месец годинава стана дедо, доби внука од постариот син Јордан.

Многу познати станаа баби и дедовци, некои добија внуци, некои станаа кумови, нека расте бројот на новородени деца кај сите, тие се нашата иднина.

Ненамерно сигурно сме испуштиле некој, се надеваме нема да ни замерите. Децата се најголемиот благослов за секој родител, баба, дедо, тетка, чичко... Децата се нашата радост и среќа.

Последните 5 години едни од најпознатите бебиња на Балканот се внукот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, кој пејачката го доби од синот Вељко. Синот на пејачката Маја Беровиќ, синот на пејачката Александра Пријовиќ, синот на бугарскиот пејач Азис, децата на манекенката Софија Мило, внуката на Ѓорге Балашевиќ од син му Алекса, ќерката на Петар Грашо и Хана Хулиќ...

И во светот изминатите години исто така беа плодни, многу познати ѕвезди добија принови, една од нив е и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон која во 2018 го роди принцот Луис, инаку таа и принцот од Велс Вилијам се родители на уште две деца, принцот Џорџ кој е наследник на тронот и неговата сестра, принцезата Шарлот.

Во 2018  во мај стана мајка и Меган Маркл, војвотката од Сасекс, која заедно со принцот Хари го добија Арчи, а минатата година парот ја доби и ќерката Лилбет, име добиено по надимакот кој го имаше кралицата Eлизабета II.

Принови родија и топ моделот Адријана Лима, близнаците на плуз сајз моделот Ешли Грам, децата на пејачот Ед Ширан, бебето на Ријана и многу, многу други ѕвезди кои ги збогатија своите семејства со уште еден член.

Женски магазин продолжува и понатаму помотивирачки да ве информира за сите новитети кај познатите и дома и во странство, заедно со Вас во нови испишани страници. Бидејќи без Вас не би биле тоа што сме денес. 

Ви благодариме на довербата.


Наталија Миланова

Фото: Инстаграм/unsplash/архива Женски магазин