BELLA ONLINE SHOP: Поблиску до совршените пролетни модни парчиња
Со задоволство Ви најавуваме дека од денеска (27-ми март 2020) „Bella“ официјално започнува со ONLINE SHOP кој ќе можете да го посетите на следниот линк.
Имате можност да си ги купите сите нови колекции од пролетната сезона, како и одредени парчиња од изминатите сезони.
Регистрирајте се и добијте -5% ПОПУСТ на првата порачка на следниот линк https://bella.mk/
Еве неколку наши предлог комбинации од Пролетната Ројал колекција.
1. Пролетен фустан
Фустанот Корал е егзотичен израз на тоа што не очекува: моќно, експлозивно парче кое ја носи топлината и веселата енергија на шарените дезени. Верувајте, тие и тоа како знаат да го променат вашето расположение на подобро и да ви дадат мотив за поголеми работни успеси.
Фустанот Корал е мешавина на преубавата корална боја со определени примеси на воочлива сина нијанса. Ваквата урнебесна комбинација е смирена со нежните кремави тонови кои ја одржуваат деловната сериозност.
Мешавината на повеќе дезени е ризик кој оваа пролет треба да го превземете, првенствено за да си овозможите мала промена во вашиот стил, а воедно да докажете дека сте храбра и одлучна кога станува збор за модни ризици.
Должината на фустанот е идеална за претстојниот период. Јаката и целосната закопчаност на фустанот ја доловува деловната сериозност која ја барате во уникатните и неспецифични прачиња облека.
Уживајте во лелеавата комоција која ќе ви ја пружи фустанот Корал.
2. Кежуал сет од јакна и фармерки во ефектна боја
Внесувањето на малку боја во деловниот свет нема да наштети никому, напротив секоја дама има силна потреба од тоа.
За таа цел, „Bella“ согласно светстките трендови, ја внесува коралната боја на голема врата, дизајнирајќи цела колекција на корални парчиња. Такви се јакната и фармерките Корал.
Каква прекрасна впечатлива комбинација... едноставно нема дама која ќе може да одолее на овие живописни парчиња облека.
Фармерките и јакната се во препознатливиот тесен модел кои oдлично прилегаат во пар. Замислете ги овие две парчиња во комбинација со бела блуза или кошула, или пак сребрен и златен накит... со неколку зборови тоа е егзотична најава на летната сезона.
Коралната боја прилега и со други бои и облеки, па така со јакната и фармерките Корал, ќе се впуштите во голема игра со комбинации. Не се плашете да ризикувате, ослободете се од модните стереотипи и уживајте во преубавата корална нијанса која секоја модно освестена дама со задоволство ќе ја носи и комбинира во своето работно секојдневие.
3. Деловен комплет во кралско сина боја
Уживајте во почетокот на пролетта во преубавите парчиња облека во кралско сина боја на „Bella“. Таа навистина знае да ја обои вашата недела и да внесе топлина во тмурните работни денови. Сините нијанси се воедно лесни за комбинирање со останатите бои, па така нема да имате никакви проблеми при создавање на вашите дневни аутфити.
Комплетот ќе ви ја зголеми самодовербата и во него ќе изгледате феноменално. Палтото и пантолоните се струкирани, перфектно скроени за да се прилепат на вашето тело и да ги оцртат потребните линии и контури.
Токму бојата го прави овој комплет специфичен и посебен, а го надополнува и истакнува едноставниот и припиен дизајн. Палтото и пантолоните се одлични во комбинација и со други парчиња, посебно кога ви е потребно размрдување на некоја едноставна деловна комбинација.
За сите поволности кои можете да ги добиете проверете ја интернет страницата на bella.mk
(ФОТО) Топ 3 елегантни комбинации за оваа пролет